Линкови за пристапност

Светот реагира на доделувањето на Нобелова награда за мир на Обама


Фондацијата на поранешниот Јужноафрикански претседател Нелсон Мандела вели дека го поздравува доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2009 на американскиот претседател Барак Обама.

Зборувајќи во името на Мандела, фондацијата кажа дека се надева оти наградата ќе ја зајакне определбата на Обама за „промовирање на мир и искоренување на сиромаштијата."

Премиерот на Зимбабве Морган Цвангираи, кој се сметаше за кандидат за добивање на наградата, за новинската агенција Ројтерс изјавил дека американскиот претседател е заслужен кандидат.

Во меѓувреме, соработник на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за француската новинска агенција рекол дека наградата треба да го поттикне Обама да почне да работи во насока на прекинување на неправдата во светот.

Израелскиот министер за одбрана изрази надеж дека наградата за американскиот претседател ќе „ ја засили способноста на претседателот" да донесе „регионален мир" на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG