Линкови за пристапност

Барак Обама уште еднаш направи историја со Нобеловата награда за мир


Историското животно патување на американскиот претседател Барак Обама доби уште еден исклучителен чекор во петок когабеше номиниранза добитник на Нобеловата награда за мир за 2009.

Наградата доаѓа само 11 месеци откако Обама, тогаш американски сенатор од сојузната држава од средниот запад Илиноис, станапрвиот Африкански-Американец избран за претседател на САД.

Тој привлече милиони поддржувачи во кампањата чии теми беа надеж и донесување промена во Вашингтон.

Обама е роденво Хаваи во 1961, како син од мешана раса на Кениец и бела Американка од Канзас. Тој ги минал раните години во Индонезија, ја започнал јавната кариера како организатор на локални заедници во Чикаго, и подоцна станал сенатор од државата Илиноис.

Тој исто така направи историјарано во неговата кариера како прв претседател од африканско-американско потекло на харвардскиот Правен преглед.

Обама е 21-от Американец кој ја добил престижната Нобелова награда за мир. Тој е четвртиот американски претседател - лауреатна Нобеловата награда за мир, и трет кој ја добил наградата додека се` уште е на функција.

Претседателот Теодор Рузвелт ја доби во 1906 за работа на посредување за завршување на руско-јапонската војна. Неговиот наследник, Вудроу Вилсон, ја доби наградата во 1919 за напоритево креирање наЛигата на нациите, претходница на Обединетите нации.

Поранешниот претседател Џими Картер стана лауреат наНобеловата награда за мир во 2002 за неговата работа во посредување на конфликти и промоврање на демократија на меѓународната сцена.


Поранешниот потпретседател Ал Гор ја делеше Нобеловата награда за мирсо Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН во 2007 за неговата работа на климатските промени.

Обама исто така е третиотАфрикански-Американец што ја добил Нобеловата награда за мир. Ралф Банч, претставник на ОН со висок ранг, ја добил во 1950 заради посредување на мировниот договор меѓу Израел и Арапските држави во врска со Палестина. И свештеникот Мартин Лутер Кинг, Џуниор, ја доби наградата во 1964 за работатана движењето на граѓански права во САД.
XS
SM
MD
LG