Американскиот претседател Барак Обама ја доби Нобеловата награда
за мир за 2009-та година. Норвешкиот
нобелов комитет во Осло му одаде признание на американскиот претседател за
„неговите несекојднвени напори да ја зајакне меѓународната дипломатија и
соработка меѓу народите."
Претставници на Белата куќа соопштија дека Обама е
„почестен" што му доделена наградата.
Објавувајќи го добитникот, Нобеловиот комитет кажа дека
дава особена важност на визијата и работата на Обама за „свет без нуклеарно
оружје".
Комитетот рече дека под лидерство на Обама, „дијалог и преговори" се преферирани инструменти за решавање „дури и
на најтешки меѓународни конфликти."
Тој кажа дека
американскиот лидер „го привлекол вниманието на светот" и „му дал на
својот народ надеж за подобра
иднина."
Комитетот додаде дека
благодарение на иницијативата на Обама, САД сега играат „поконструктивна улога" во пресретнување на „големите
климатски предизвици пред кои е исправен светот."
Наградата доаѓа во време кога САД се инволвирани во две
војни, во Ирак и во Авганистан.
Наградата е вредна близу еден ипол милион долари и ќе му биде врачена на 10 декември.
Обама, кој е на функција помалку од една година, е првиот претседател од африканско-американско потекло. Неговата мајка е од Канзас, а татко му од Кенија.