Силни подводни земјотреси предизвикаа паника во јужен Пацифик принудувајќи го локалното население да се искачи на повисоки места откако пред една недела од цунами загинаа најмалку 150 лица во регионот.
Земјотресот предизвика мали бранови и нема информации за причинета штета.Според американската сеизмолошка служба епицентарот бил на околу 300 километри северозападно од Вануату, а првиот земјотрес бил со јачина од 7, 8 според Рихтеровата скала. По него следеле најмалку два последователни шокови.Земјотресите предизикале аларм за цунами долж крајбрежјето на Австралија, Нов Зеланд и Индонезија.
Предупредувачкиот пацифички центар за цунами го откажале повикот за претпазливост од цунами откако се регистрирни три помали цунами во Вануату.
Научниците велат дека порастот на бројот на потреси последниве денови не се ништо необично, туку само дел од нормален циклус на земјотресни активности.