Линкови за пристапност

Реформата на здравството ќе чини 829 милијарди долари


Конгресните аналитичари на буџетот велат дека предлог-законот за реформа на здравството што е на разгледување од Комисијата за финансии на сенатот ќе чини околу 829 милијарди долари во текот на следната деценија.

Непартиската Канцеларија за буџет на конгресот проценката ја објави во извештај во средата, каде вели дека со реформата во здравствениот сектор, околу 94 проценти Американци ќе имаат здравствено осигурување. Во моментов здравствено осигурување имаат 83 проценти.

Претседателот Барак Обама рече дека реформата во здравствениот сектор не смее да се одрази врз буџетскиот дефицит кој изнесува повеќе од 900 милијарди долари.

Сенатската Комисија за финансии се очекува да го усвои законот неделава. Потоа, тој треба да се усогласи со законот кој ќе мине во сенатските комисии за здравство, образование, труд и пензиски систем.

Во верзијата на Комисијата за здравство е вклучена и опцијата за здравствено осигурување што ќе биде во надлежност на владата.

XS
SM
MD
LG