Линкови за пристапност

Обама ќе се консултира со Бајден и Хилари Клинтон за авганистанската политика


Американскиот претседател Барак Обама во четврток ќе се сретне со потпретседателот Џозеф Бајден и со Државната секретарка Хилари Клинтон во Белата куќа за дискусија по тековната ревизија на американската стратегија во Авганистан на администрацијата.

Обама се сретна со неговите високи армиски и политички советници во среда, на осмата годишнина на војната во Авганистан предводена од САД, во последен од серијата средби чија цел е справување со мисијата.

Средбата од средата беше фокусирана на улогата на соседен Пакистан во која било нова стратегија. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс кажа дека администрацијата верува оти Пакистанците ги засилуваат напорите за справување со екстремистите меѓу нив.

Претседателот ќе свика друга формална средба на националниот безбедносен тим во петок.
XS
SM
MD
LG