Линкови за пристапност

Германската писателка Херта Мулер добитничка на Нобеловата награда  за литература


На германската писателка родум од Романија, Херта Милер, и ` е доделена Нобеловата награда за литература за 2009.

Шведската академија, што ги избира победниците од областа на литература, ја почести Мулер со наградата во четврток за нејзината способност, во поезија и во проза, да „го опише пејсажот на лишените".


Меѓу нејзините трудови се „Niederungen" и „Мачно танго", каде се опишува животот во мало германско село во Романија.


Семејството на Мулер потекнува од малцинство кое говори германски во Романија, а татко и бил во германските ЕсЕс сили за време на Втората светска војна.

Романските комунисти ја депортирале мајка и` во камп за присилна работа во Советскиот сојуз по 1945.

Во 1987, Мулер и нејзиниот сопруг емигрирале од Романија во Германија.

Мулер ќе добие награда од 1,4 милион долари, диплома и покана за церемонијата на доделување на наградата во Стокхолм, Шведска, на 10 декември..

Шведската академија, што ги избира победниците од областа на литература, ја почести Мулер со наградата во четврток за нејзината способност, во поезија и во проза, да „го опише пејсажот на лишените".


Меѓу нејзините трудови се „Niederungen" и „Мачно танго", каде се опишува животот во мало германско село во Романија.


Семејството на Мулер потекнува од малцинство кое говори германски во Романија, а татко и бил во германските ЕсЕс сили за време на Втората светска војна.

Романските комунисти ја депортирале мајка и` во камп за присилна работа во Советскиот сојуз по 1945.

Во 1987, Мулер и нејзиниот сопруг емигрирале од Романија во Германија.

Мулер ќе добие награда од 1,4 милион долари, диплома и покана за церемонијата на доделување на наградата во Стокхолм, Шведска, на 10 декември.

XS
SM
MD
LG