На улиците на Каиро може да се видат жени
најразлично облечени. Средовечна жена со широк, долг фустан и светла шамија на
главата стои покрај девојче на тинејџерска возраст, исто така со шамија на главата,
но облечена во спортски стил. Веднаш до нив
друга жена облечена во бурка од која
може да се видат само очите.
Египет е длабоко религиозно, модерно
општество. Овде жените имаат избор, за
разлика од Саудиска Арабија на пример, каде жените кои вообичаено се покриени
од глава до петици и каде немаат глас по прашањето.
Сепак, во последно време во
Каиро жените се` почесто го користат саудискиот стил на облекување, нешто што
ги алармира како водечките свештеници, така припадниците на секуларната
заедница.
Хала Мустафа, виш уредник во весникот Ал-Ахрам, е меѓу оние кои се загрижени за се` поголемиот тренд на покривањето при облекувањето кај жените. Таа корените за тоа ги гледа во саудискиот заштитен знак на сунитски ислам.
„Ова е уназадување во
Египет. Во старо време, или пред 70-те
години, пред Вахабистите и Салафистите да почнат да доминираат во регионот, Египет
беше многу помодерен, либерален и истовремено бевме мошне добар народ", вели
Мустафа.
Таа додава дека се` поголемата
употреба на бурките не значи дека Египет станува порелигиозно, туку едноставно
поконзервативно и подогматско општество.
Дел од тој конзерватизам доаѓа
од она што своевремено важеше за најголема закана – сателитските телевизиски
канали кои заедно со неограничената сексуална содржина, нудат најразлична
религиозна програма.
Хана ел-Мограби е сопственик на
бутик во Мохандесин, богат кварт во Каиро.
Таа вели дека сателитската
програма придонела за подигање на религиозната свест и образование. Ел-Мограби додава дека во минатото требаше да
појдете во џамија за да слушнете верско проповедање, а сега, можете се` да
најдете седејќи дома и гледајќи телевизија.
Ел-Мограби го прифаќа трендот
на покривање, но дека тоа треба да е лична одлука. Таа верува дека жените кои
носат шамии треба да обрнат поголемо внимание на својата гардероба, а оние кои
не носат шамии, ја имаат косата за да изгледаат добро. Ел-Мограби додава дека претпочита комбинација
на модата со шамијата бидејќи тие одат едно со друго.