Американските конгресни аналитичари на буџетот проценуваат дека буџетскиот дефицит пораснал на рекордни 1,4 трилиони за фискалната 2009-та, која заврши во септември.
Конгресната канцеларија за буџет објави дека ланскиот
дефицит е еднаков на 10 проценти од бруто-домашниот производ. Непартиската
канцеларија исто така соопшти дека ова е најголем дефицитот од 1945-та.
Според извештајот, зголемувањето на дефицитот се должи на опаѓањето на приходите и зголемувањето на трошоците, а половината од новите трошоци, или 245 милијарди долари, се поради финансискиот пакет за помош на Вол Стрит и преземање на гигантите за станбени кредити Фени Меј и Фреди Мек.
Федералниот буџетски дефицит во 2008-та беше 459 милијарди долари.
Силната рецесија негативно се одрази врз дефицитот со огромни трошоци за стабилизирање на финансискиот сектор.