Линкови за пристапност

Промена на професија: од биолог во фармер


На падините во Честертаун, во сојузната држава Мериленд во близина на заливот Чесепик, Доли Бејкер внимателно ги бере смоквите од дрвјата. Таа некогаш била поморски биолог и ботанички илустратор. Тоа се променило во 2000-тата, на почетокот од новиот милениум, кога таа сфатила дека тоа е добро време за промена. Купила фарма.

Бејкер ја купила фармата „Бела куќа“, со историска куќа со бели цигли, опкружена со три и пол хектари земјиште.

Фармата некогаш ја поседувало нејзиното семејство. Ја изградиле нејзините претци во 1721-ва. Фармата одиграла улога и за време на Револуционерната војна, снабдувајќи ја жито генералот Џорџ Вашингтон додека колонијалната армија била сместена на 160 километри од долината Форџ, во Пенсилванија, додека чекала да мине зимата.

Фармата сега е заведена во националниот регистер за историски локации и Бејкер на неа одгледува органска храна. Тоа е тешка работа, вели таа, особено заради стриктните правила за добивање владина дозвола за производство на органска храна.

„Се работи за долг процес. Потребни се околу три години – додека се наоѓате во транзиција не смеете да употребувате никакви хемикалии на земјиштето. Треба да користите природно ѓубриво. Секоја година плаќате за инспекција. Ако добиете зелено светло, добивате дозвола да произведувате органска храна“, вели Бејкер.

Нејзината фарма е една од околу 10.000 такви фарми во САД.

Поседувањето документ е битна работа, вели Бејкер, зашто во спротивно секој може да каже дека одгледува органска храна.

Бејкер немала фармерско искуство пред да се пресели овде во 2000-та. Вели дека нејзиното искуство како биолог не и помогнало многу. Се` се учи од почеток, вели таа.

Бајкер работи од изгрејсонце до зајдисонце и не жали за драстичната промена во нејзината кариера. Напротив, вели дека и` одговара. Порано секогаш се грижела за хемикалиите што ги јадела со овошјето и зеленчукот, а сега одгледува околу сто видови само на домати, а има и аспарагус, кромид, грозје, пиперки. Одгледува и кокошки, продава јајца, има многу мисирки. Тоа е остварување на нејзиниот сон, на многу нивоа, вели Доли Бејкер.

XS
SM
MD
LG