Линкови за пристапност

Двајца Американци и Израелка - ја добија Нобеловата награда за хемија


Двајца Американци и Израелка ја добија Нобеловата награда за хемија за разоткривање на структурата на клучни делови на клетките каде со создава протеин. Венкатраман Рамакришнан, Томас Стејц и Ада Јонат ќе ја поделат наградата од 1,4 милиони евра по веста што ја соопшти Кралската академија на науките на Шведска.

Истражувачите користеле метод наречен рентгенска кристалографија со цел да точно да ја одредат позицијата на стотици илјадници атоми што го сочинуваат рибозомот. Академијата вели дека нивната работа помогнала на истражувачите да развијат антибиотици за разни болести.

Секој од наградените ќе добие диплома на свечената церемонија на доделување на наградите во Стокхолм на 10-ти декември.

XS
SM
MD
LG