Линкови за пристапност

Средба Обама - Талабани во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама и ирачкиот претседател Џалал Талабани во вторникот дискутирале за безбедносни и економски прашања во Белата Куќа.

Во соопштение од Белата куќа се наведува дека до средбата дошло кога Обама се приклучил на состанокот меѓу неговиот советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Џим Џонс и Талабани. Обама го пофалил ирачкиот колега за промовирање на националното единство во Ирак и изразил поддршка за напорите за усвојување нов изборен законик.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери дискутирале и за дводневната американско-ирачка конференција за бизнис и инвестиции што ќе се одржи во Вашингтон на 20-ти октомври. Вчерашната средба уследила по телефонскиот разговор меѓу Обама и Талабани во понеделникот.

XS
SM
MD
LG