Линкови за пристапност

Опадната економијата на Европската унија


Нов извештај покажува дека економијата на ЕУ слабее повеќе отколку што се очекувало.

Ревидираните цифри објавени во ЕУ во средата покажуваат дека бруто домашниот производ во 16-члената евро-зона бележи пад од 0,2 проценти во вториот квартал, споредено со првите три месеци од годината. Беше предвиден пад од 0,1 процент.

Трендот се рефлектира ширум 27-члената ЕУ, каде бруто домашниот производ бележи пад од 0, 3 проценти.

Во борбата за справување со економската криза, многу земји во ЕУ го надминаа буџетскиот дефицит од три проценти кој е дозволен за секоја земја во Унијата.

Европската комисија објави дека девет земји го надминале дозволениот буџетскиот дефицит од три проценти. Европската комисија соопшти дека Германија, Италија, Холандија, Австрија, Белгија, Чешка, Португалија, Словачка и Словенија ги прекршиле правилата за дефицит, креирани со цел да се задржи стабилноста на европската валута.

XS
SM
MD
LG