Северна Кореја е подготвена да се врати на шестраните разговори за нејзината нуклеарна програма доколку дојде до напредок во дијалогот со САД. Ова го предложил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил на средбата во Пјонгјан со кинескиот премиер Вен Џиабао, јавуваат државните медиуми на двете земји.
Северна Кореја се повлече од разговорите во кои учествуваат и Кина, Русија, Јапонија и Јужна Кореја во април, откако ОН го осудија нејзиното тестирање на проектил од долг домет.
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ју Мјунг-хан го поздрави најновиот потег на Пјонгјанг, со напомена дека Сеул има потреба од дополнителни информации за вистинските намери на Северна Кореја.