Еден од најбараните осомничени за геноцидот во Руанда во 1994-та е уапсен во Уганда.
Полицијата на Уганда соопшти дека Иделфонсе Низејимана бил уапсен во хотел недалеку од главниот град Кампала.
Тој бил екстрадиран на Меѓународниот криминален трибунал за Рунда во Танзанија и е соочен со обвиненија за геноцид и криминал против човештвото.
Низејимана бил разузнавач во армијата на Руанда и е обвинет дека формирал специјални единици кои вршеле геноцид.
Повеќе од 800.000 етнички Тутси и умерени Хуту биле убиени за 100 дена.
Меѓународниот кривичен суд за Руанда објави дека Низејимана е еден од најбараните осомничени. САД понудија награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.