Уставниот суд на Италија почна да разгледува дали законот што го штити премиерот Силвио Берлускони од судско гонење е спротивен на Уставот.
Уставниот суд неделава ќе се произнесе за законот од 2008-ма кој му дава имунитет на претсетелот, премиерот и спикерите на двата дома на Парламентот.
Законот беше усвоен кусо време откако медиумскиот тајкун и милијардер Силвио Берлускони го почна третиот мандат како премиер.
Со законот се ставени во мирување некоку криминални случаи против него. Во еден случај, Берлускони е обвинет дека му платил на британски законодавец лажно да сведочи за време на два судски процеси во 1990-тите.