Лидерот на грчките социјалисти Јоргос Папандреу поднесе заклетва на функцијата премиер, два дена по поразот на досегашната конзервативна влада на вонредни избори во земјата.
Папандреу положи заклетва на куса церемонија со која раководеше поглаварот на грчката православна црква, Архиескопот Иеронимус и претседателот Каролос Папуљас.
Партијата ПАСОК на Папандреу освои 160 од 300 места во Парламентот. Премиерот на заминување Костас Караманлис поднесе оставка на функцијата лидер на неговата партија Нова демократија.
Во понеделникот и формално Папандреу беше повикан да фомира нова влада. Тој ќе го обелодени новиот Кабинет до крајот на денот.
Најголем предизвик за Папандеу ќе биде заживувањето на
забавената економија на Грција. Тој вети 4,4 милијарди долари стимулативен пакет со кој ќе се зголемат даноците за богатите и ќе им се помогне на сиромашните.