Тројца научници добија Нобеловата награда за физика, за развивање комуникациска мрежа со оптички влакна и за технилогијата што стои зад дигиталната
фотографија.
Чарлс Као, Вилард Бојл и Џорџ Смит ќе ја поделат
наградата доделена во вторник од
Кралската шведска академија на науки.
Академијата вели дека
му ја доделува наградата на Као, кој има британско и американско
државјанство, инаку роден во Шангај, за откривање како да се пренесат светлосни
сигнали на големи далечини преку оптички стаклени влакна. Откритието помогнало
да се создаде комуникациска мрежа што го
пренесува Интернет во светот.
Бојл, кој е канадски и американски државјанин, и Смит, се
наградени за откривање технологија што овозможува дигиталните камери да прават
слики на дигитален начин наместо на филм.
Победниците ќе поделат паричен износ од 1,4 милиони долари.