Линкови за пристапност

САД напредуваат во борбата против тероризмот, тврди Обама


Американскиот претседател Барак Обама вели дека САД постигнале вистински напредок во борбата против тероризмот. Во говор во Националниот центар за контратероризам во близина на Вашингтон, Обама им се заблагодари на вработените за работата на заштита на САД.

Обама рече дека Центарот за контратероризам им помага на САД да ја остварат целта за попречување, растурање и поразување на Ал-Каида и другите екстремистички мрежи ширум светот. Тој подвлече дека Ал Каида претставува главна закана за американскиот народ, што и довело да се оформи Центарот. Американскиот претседател кажа дека одбраната на САД и нивните сојузници од идни напади мора да биде фокусот во работата на Центарот. Тој ги пофали вработените за успехот во изминатите неколку недели, наведувајќи дека нивниот ангажман за прибирање и споделување на информации помогнал за неодамнешните апсењата на лица осомничени за тероризам во Колорадо, Њујорк, Илиноис и Тексас.

XS
SM
MD
LG