Линкови за пристапност

Швајцарското обвинителство го отфрли барањето за кауција за Полански


Швајцарското Министерство за правда вели дека го одбило барањето за ослободување со кауција на режисерот Роман Полански на кого му претстои можно екстрадирање во САД.

Портпаролот на министерството Фолко Гали кажа дека обвинителите се спротивставиле на ослободувањето бидејќи владата верува оти постои голем ризик Полански да избега доколку е ослободен од притвор. Властите исто така го поттикнаа швајцарскиот суд што постапува по налогот за екстрадиција на Полански да го одбие одвоеното барање за ослободување на филмскиот режисер.

Режисерот – добитник на највисоки филмски признанија беше уапсен во Цирих минатиот месец по налог од САД заради бегање од Лос Анџелес пред изрекувањето на пресудата за силување на малолетничка, во 1978.

Полански, кој се прослави со филмовите „Кинески град" и „Бебето на Розмари", првично беше осуден во Лос Анџелес заради имање секс со 13-годишно девојче. Ги напушти САД во 1978 додека чекаше на пресудата откако се изјасни за виновен.

XS
SM
MD
LG