Линкови за пристапност

Цените на златото и нафтата растат, доларот паѓа


Цената на златото достигна рекодно високо ниво, а порасна и цената на нафтата во вторник заради слабиот долар што направи овие добра изразени во долари да бидат поевтини за носителите на посилни валути.

Златото достигна 1,045 долар за унца во вторник, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,033 долари постигнат во март 2008.

Цената на сировата нафта за ноемвриска достава порасна два проценти на њујоршката берза, на 71,95 за барел.

Аналитичарите велат дека неодамнешниот пад на доларот спрема еврото и јенот го прават златото и нафтата поатрактивни за инвеститорите кои имаат во сопственост европска и јапонска валута.

Тие велат дека многу инвеститори на овие продукти гледаат како на средства за зачувување на нивното богатство во случај да се засили американската инфлација и натамошно да еродира вредноста на доларот.

Доларот ослабе во вторник откако британскиот весник „Индепендент" извести дека арапските и други држави имале тајни разговори за замена на американската валута во трансакциите со нафта. Некои од државите подоцна негираа одржување на такви разговори или рекоа дека не знаат за нив.

XS
SM
MD
LG