Линкови за пристапност

Истражување: Медитеранска исхрана може да спречи депресија


Научници од Универзитетот Навара во Шпанија тврдат дека медитеранскиот вид на исхрана, богат со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло ги намалува шансите за депресија.

Испитувањето врз 10.000 лица утврдило дека оние кои се хранат на овој начин имаат 30 проценти помалку шанси да западнат во депресија, споредено со оние кои внесуваат поголеми количини на месо, млечни производи и конзумираат повеќе алкохол.

Сепак, научниците не ја препорачуваат медитеранската исхрана како лек за депресијата и повикуваат доколку некој биде дијагностициран со оваа болест, да побара соодветен медицински третман.

XS
SM
MD
LG