Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели
дека американските сили нема да се
повлечат од Авганистан без оглед на резултатот од ревизијата на стратегијата од
страна на претседателот Барак Обама.
Гејтс за СиЕнЕн кажа дека Белата куќа решава за „следните
чекори напред" што ќе диктираат како да се
добие војната против талебанските милитанти во Авганистан.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон, исто
така интервјуирана од СиЕнЕн, кажа дека администрацијата на Обама сака да преземе „најдобар приод" за постигнување на американските цели во регионот.
Секретарот Гејтс рече дека одлуките на Обама по прашањето
ќе бидат меѓу најважните во неговото претседателствување.
Порано во понеделникот Гејтс на американската армиска конвенција во Вашингтон кажа дека армиските офицери и цивилите кои го советуваат Обама за Авганистан треба да обезбедат совет за претседателот „искрено, но приватно."
Тој рече дека кога врховниот командант ќе донесе одлуки, Пентагон верно ќе ги изврши најдобро што може.Претседателот во вторник ќе се сретне со конгресни лидери со кои ќе разговара за Авганистан во Белата куќа, а потоа ќе ги продолжи дискусиите со неговите високи армиски и цивилни советници во среда и во петок.