Линкови за пристапност

Нова студија најде зголемен број деца со аутизам во САД


Резултатите на студијата беа објавени во понеделник, во октомвриското издание на медицинскиот журнал за педијатрија.

Проценката значи дека околу 673 илјади американски деца имаат аутизам. Ова е значително зголемување од претходното истражување што донесе проценка дека едно на 150 американски деца го има ова пореметување.

Студијата употребува податоци од Националното истражување на здравјето на децата од 2007. Истражувачите анкетирале родители на 78 илјади деца на возраст од три до 17 години. Повеќе од 1.400 родители одговориле „да“ кога истражувачите ги запрашиле дали лекар некогаш им кажал дека дека нивното дете имало аутизам.

Поттикнат од објавувањето на податоците, Центарот за контрола на болести и превенција вели дека нивните истражувачи дошле до слични откритија во студија што допрва треба да биде објавена, што покажала дека околу еден процент од децата се со ова пореметување.

Аутизам спектрум е пореметување што вклучува Аспергеров синдром и пречки во развојот. Деца со аутизам чето имаат проблем со комуникација и социјална интеракција, и често се ангажирани во повторително однесување.

Резултатите исто така го поддржуваат сегашното сфаќање дека аутизмот е почест меѓу момчињата отколку меѓу девојчињата, како и тоа дека е почеста појава кај децата од бела раса.

XS
SM
MD
LG