Линкови за пристапност

Обама го обнови притисокот за реформа во здравството


Градината на розите во Белата куќа се претвори во море од бели лекарски униформи на настан на кој претседателот Обама покани лекари од сите 50 сојузни држави.

„Вие сте најупатени и најдобро го знаете овој систем. Вие сте стручњаци. Никој нема поголем кредибилитет меѓу американскиот народ за ова прашање од вас“, рече Обама.

Со клучното гласање за здравствената заштита во сенатската комисија за финансии, претседателот се обидува да ги придобие медицинските лица за поддршка на каузата. Тој рече дека е свесен за нефукционирањето на актуелниот систем за здравствена заштита, каде повеќето луѓе се потпираат на приватно здравствено осигурување за покривање на лекарските сметки.

„Лекарите самите виделе дека пациентите не доаѓаат на редовни лекарски прегледи или снимања затоа што осигурителните компании не ги окриваат тие трошоци или едноставно затоа што не можат да си дозволат здравствено осигурување“, рече Обама.

Претседателот рече дека многу се расправало за реформата на здравствениот систем, а таа дебата понекогаш била набиена со емоции. Тој рече дека е важно да се подвлече дека многу луѓето кои се борат за реформа во овој сектор се истите луѓе кои најдобро го знаат системот – лекарите и медицинските сестри во Америка.

XS
SM
MD
LG