Американците Елизабет Блекбурн, Керол Граидер и Џек Шостак се добитници на овогодишната Нобелова награда за медицина.
Тие го добија престижното признание за истражувања на ракот и стареењето. Од Институтот Каролинска велат дека тројцата научници решиле „голем проблем во биологијата“, кога откриле како хромозомите се копираат и заштитуваат од разградување.
Од Универзитетот Џонс Хопкинс во сојузната држава Мериленд, го цитираат Граидер, кој рекол дека научниците „не можеле да замислат“ дека нивниот ангажман ќе води кон студии повзани со ракот. Граинер додал дека работата на тројцата научници била поттикната од љубопитност.
Граидер работи за Џонс Хопкинс, Шостак е од Харвард, а Блекбурн е од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.
Нобеловата награда е во висина од 1,4 милиони долари.