Линкови за пристапност

Американскиот Врховен суд започна со нова сесија


Американскиот Врховен суд го почна новиот мандат со судијката Соња Сотомајор, прва од латиноамериканско потекло и трета жена во највисоката судска инстанца.

Сотомајор формално беше поздравена во судот пред еден месец, кога го слушна својот прв случај на оваа функција. Случајот се однесуваше на ограничувањата за корпорациите и синдикатите во финансирањето на политички кампањи.

Во аргументите закажани за понеделник се вклучени и случаи кои се однесуваат на дозволени признанија, за довербата меѓу адвокат и клиент, како и за спор меѓу Јужна и Северна Каролина за меѓудржавна река.

Деветчлениот состав на Врховниот суд се согласи да разгледа 55 случаи за овој мандат и исто така може да се признесат и за жалба на приведени од Гвантанамо, кои треба да бидат ослободени, а кои бараат да им биде овозможено да се преселат во САД.

XS
SM
MD
LG