Нова студија најде дека
близу 13
милиони бебиња во светот
се раѓаат предвремено, а околу еден милион од нив
умираат во текот на првиот месец на живот.
Извештајот од американска добротворна организација, „March of Dimes",
е прв сеопфатен глобален извештај за предвремени раѓања.
Студијата најде дека најголем дел од ваквите случаи се во
Африка и Азија, иако бројот во САД пораснал 36 проценти во текот на последниве
25 години.
Истражувачите велат дека неухранетоста и слабото здравје
се причина за проблемот во земјите во развој. Во САД, проблемот се поврзува со
се` поголемиот број жени кои забременуваат по возраста од 35
години и употребуваат третмани за забремнување што може да доведат до повеќе
бебиња едновремено.
Организацијата ги повикува глобалните лица кои ги прават законите и оние кои обезбедуваат здравствена заштита да ја направат борбата против прерани раѓања повисок приоритет.
Студијата е базирана на информации собрани од Светската здравствена организација. За потребите на студијата 37-та полна недела на бременост се смета за предвремена.