Линкови за пристапност

Далај Лама нема да се сретне со Обама неделава


Далај Лама ќе го посети Вашингтон оваа недела, но нема да се сретне со американскиот претседател Барак Обама.

Тибетскиот спиритуален лидер во егзил треба да има средби со законодавците на Капитол Хил, а има закажано и други настани во американскиот главен град.

Американска делегација го посети домот на Далај Лама во Индија минатиот месец да потврди дека нема да има средба со претседателот, се` до првата официјална посета на Обама на Пекинг, што е закажана за ноември.

Ова е прв пат од 1991 Далај Лама да биде во Вашингтон, а да не се сретне со претседателот на САД. Поддржувачите на Далај Лама велат дека изостанувањето на средбата значи дека администрацијата на Обама се труди да ги подобри односите со Кина.

Кинеската влада често презема одмазднички акции спрема држави чии лидери се среќаваат со Далај Лама.

Претседателот Обама се сретнал со Далај Лама додека служел во американскиот сенат.

Во 2007, претседателот Џорџ В. Буш стана првиот американски претседател кој одржал јавна церемонија со Далај Лама, кога му додели Златен конгресен медал, највисокото цивилно признание што го доделува американскиот Конгрес.

XS
SM
MD
LG