Линкови за пристапност

Продуцент обвинет дека го уценувал Дејвид Летерман


Вишиот продуцент на вести во Њујорк Роберт Халдерман, кој работел за ТВ-мрежата Си-Би-Ес, е обвинет за обид да изнуди 2 милиони долари од водителот на популарно ноќно шоу и комичарот Дејвид Летерман.

Њујоршкиот обвинител Роберт Моргентау во петокот изјави дека Халдерман е обвинет за кривично дело обид за тешко разбојништво од прв степен поради тоа што се заканил дека ќе оддаде тајни за приватниот живот на Летерман. Халдерман бил уапсен во четвртокот навечер.

Летерман самиот ја објави веста за заговорот четвртокот навечер за време на своето шоу што се емитува на национално ниво. Среде шегите што ги кажуваше, 62-годишниот Летерман започна долг монолог, дека пред три недели добил пакет во автомобилот што содржел писмо од лице кое знаело непријатни моменти од неговиот живот. Публиката најпрвин со смеа реагираше на приказната, но потоа не беше сигурна дали се работи за шега или вистина. Летерман кажа дека ги информирал властите и дека закажал состанок со лицето, кое се заканило дека ќе ги објави непријатните информации доколку не добие 2 милиони долари. Комичарот рече дека му дал лажен чек на лицето, како и дека информациите се однесуваат на тоа дека имал сексуални односи со жени кои работеле за него. Засега не е јасно кога Летерман имал врски со нив.

Халдерман е продуцент на ТВ-магазинот „48 часа“. Доколку биде осуден по обвинението, може да добие до 15 години затворска казна.

Летерман стапи во брак со долгогодишната девојка Реџина Ласко нешто порано годинава. Тие имаат петгодишен син. Тој е водител на „Ноќното шоу со Дејвид Летерман“ од 1993-та, а работи како водител на ноќни шоуа речиси 30 години. Американскиот претседател Барак Обама му геше гостин во емисијата минатата недела.

XS
SM
MD
LG