Хрватска ги продолжи разговорите за членство во ЕУ, откако Словенија го крена ветото поради долгогодишниот меѓуграничен спор.
На конференција во Брисел, ЕУ и Хрватска отворија разговори за шест нови поглавја во процесот за членство и завршија пет. Сите кандидати за членство во ЕУ мора да ги исполнат критериумите во вкупно 35 области.
Комесарот за проширување Оли Рен го окарактеризира продолжувањето на разговорите како „пресвртен момент“.
Претставници на Унијата се надеваат да ги завршат преговорите за членство со Хрватска до крајот на следната година.
18-годишниот меѓуграничен спор со Словенија беше причина за запирање на преговорите уште од декември минатата година. Хрватски официјални лица велат дека е направен напредок за решавање на спорот.