Линкови за пристапност

Се зголемува невработеноста во САД


Компаниите ширум САД дополнително укинуваат работни места, поради што стапката на невработеност во земјата нарасна на највисоко ниво во последните 26 години - 9,8 проценти.

Според податоците што во петокот ги објави Одделот за труд, само во септември работодавците елиминирале 263.000 работни места, при што најпогодени биле работниците од услужните дејности, како банки, ресторани и продавници.

Од започнувањето на рецесијата во декември 2007-ма, во САД беа затворени 7,2 милиони работни места. Новите податоци само ги засилуваат стравувањата дека невработеноста може да претставува закана по економското закрепнување.

Виши американски претставници предупредуваат дека закрепнувањето ќе биде бавно и нерамномерно, а некои дури предвидуваат дека стапката на невработеност ќе нарасне на 10 проценти пред да започне да се подобрува ситуацијата.

Одделот за трговија во четвроткот соопшти дека фабричките нарачки во август забележале пад за првпат во последните пет месеци, за осум десетини од процент. Нарачките за трајни добра, од апарати за домаќинството до производи за авиокомпаниите, опаднале за 2,6 проценти, што е најнагло од јануари – наваму.

XS
SM
MD
LG