Линкови за пристапност

Во Конгресот привршува работата на предлог-законот за здравствена заштита


И последната од неколкуте комисии во американскиот Сенат задолжени за подготовка на легислативата за реформа на здравствениот систем во САД конечно ја заврши дебатата по прашањето.

Состанокот на Сенатската комисија за финансии заврши во раните утрински часови во петокот, по целонеделна расправа и гласања за стотици амандмани на легислативата што ја предложи претседавачот и демократ Макс Бакус. На последниот ден од расправата, Комисијата ги одобри амандманите со кои би се намалиле издатоците за скапите планови за здравствена заштита, и за ослободување на поголем број Американци со мали примања од обврската да купат здравствено осигурување.

Комисијата со тесно мнозинство го усвои и амандманот со кој сојузните држави би добиле фондови за да преговараат со осигурителни компании за обезбедување на здравствено осигурување за луѓето кои не ги исполнуваат условите за Медикејд, здравствена програма за сиромашното население.

Комисијата ќе го даде конечниот глас за легислативата наредната недела.

Доколку биде усвоена, како што се очекува, водачот на сенатското демократско мнозинство Хари Рид потоа ќе ја соедини со верзијата што ја усвоија Сенатските комисии за здравство и образование.

XS
SM
MD
LG