Странски спасувачки екипи брзаат да стигнат во подрачјата на островот Суматра во Индонезија што беа најтешко погодени од силниот земјотрес, додека расте бројот на загинати.
Индонезиски претставници велат дека трагичниот биланс од потресот во средата со јачина од 7,6 степени е барем 770, но најверојатно ќе биде мошне поголем бидејќи се претпоставува дека илјадници се` уште се затрупани во урнатините.
Раководителот на ОН за хуманитарни акции Џон Холмс вели дека има „многу стотици“ повредени и дека бројот на загинати би можел да нарасне на 1.100.
Во Суматра забрзано пристигига помош. Спасувачките операции во и околу главниот град на Западна Суматра, што брои 900.000 жители, се успорени поради прекини на електрична енергија и недостаток на тешка машинерија за пробивање низ на урнатините.
Дописникот на Гласот на Америка Брајан Паден, кој се наоѓа во Паданг, јавува дека на патот од аеродромот навидум секој трет или четврт објект е сериозно оштетен.
Координаторот на операциите на Црвениот крст за Индонезија Кристин Саут вели дека ситуацијата е мошне тешка, особено во руралните области надвор од Паданг, каде покрај сериозната штета по инфраструктурата, некои села можеби целосно се уништени.