Линкови за пристапност

И покрај безработицата, Американците трошат повеќе


Американците почнаа да трошат повеќе со што се зајакнува американската економија, и покрај присутноста на загриженоста за безработицата.

Американскиот оддел за трговија изјави дека потрошувачката пораснала со највисока стапка за изминатите осум години, скокајќи за 1,3 проценти во август.

Но извештајот исто така најде причина и за загриженост. Заработувачката не е на исто ниво со потрошувачката и пораснала за само две десетини од еден процент во август, додека стапката на штедење исто така опаднала.

Во исто време, американскиот оддел за труд јави дека има ескалирање на губењето работни места.

Извештај на Одделот за труд покажа дека бројката на Американци кои поднеле барања за добивање бенефиции заради невработеност се искачила за прв пат во изминатите пет недели.

Првичните барања за бенефиции се зголемиле за 17.000 и достигнале 510.000 минатата недела.

Одделот за труд ќе го објави извештајот за состојбата со работните места в петок. Во августовскиот извештај, стапката на невработеност во САД се искачи на највисоко нивот во изминатите 26 години – на 9, 7 проценти.

XS
SM
MD
LG