Меѓународен
тим на научници вели дека 4,4-милиони години стар скелет на женско суштество што живеело на територија
на денешна Етиопија, обезбедува нови докази за потеклото на човечката раса.
Главниот истражувач, американскиот антрополог
Тим Вајт, од Универзитетот Беркли, во Калифорнија, вели дека суштеството
познато како „Арди" (според научното име Ardipithecus ramidus, е најблизок познат предок на шимпанзата и на луѓето.
Научниците велат дека кога Арди била на земјата,
тежела околу 50 килограми, висока била 1,2 метри и живеела во шумски
предели. Тие велат дека имала способност да се качува по дрвја со долгите раце и куси нозе, но исто така можела да се движи исправено на две нозе.
„Арди" е повеќе од милион години постара од
светски познатата „Луси", фосили на женка која порано беше најтариот познат предок на
човекот во светот.
Истражувачите ги објавија резултатите на 15-годишната студија во четврток, на прес
конференции во САД и во Етиопија. Скелетот на Арди беше откриен во Етиопија во 1994.