Линкови за пристапност

САД и Иран на билатерална средба


Американски и ирански дипломати одржале за двете земји невообичаена билатерална средба на маргините на разговорите за иранската нуклеарна програма во Женева.

Портпарол на Стејт департментот соопшти дека американскиот државен потсекретар Вилијам Б`рнс во четвртокот се сретнал со главниот ирански преговарач за нуклеарни прашања Саид Џалили. САД и Иран немаат дипломатски односи. Засега не се познати детали, но средбата се смета за највисок контакт меѓу Вашингтон и Техеран, со години наназад.

Иранската телевизија соопшти дека светските сили се согласиле да одржат дополнителни разговори до крајот на октомври. Државната телевизија јави и дека Џалили ја изложил рамката на иранските предлози и објаснил како треба да се спроведат во живот.

XS
SM
MD
LG