Линкови за пристапност

Пристига помош во јужниот дел на Пацификот


Во јужниот дел на Тихиот Океан во тек е вадење на загинатите од урнатините по четирите големи цунамија предизвикани од подводен земјотрес во средата.

Речиси 150 лица загинаа во големите бранови што разурнаа цели села и туристички одморалишта на островите Самоа, Американска Самоа и Тонга. Земјотресот што ги предизвика беше со јачина од 8 степени.

Најмногу загинати има во Самоа – најмалку 110. Во Американска Самоа засега е потврдена 31 жртва, а во Тонга 7. Без покрив над главата останале десетици илјади лица.

Армиски транспортни авиони и бродови со спасувачки екипаж и натоварени со најпотребни средства од Австралија, Нов Зеланд и САД се на пат за настраданото подрачје.

Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба за Американска Самоа.

XS
SM
MD
LG