Реновираните библиотека и музеј на Џими Картер беа отворени на 85-от роденден на поранешниот американски претседател.
Свеченоста се одржа во музејот во Атланта, во сојузната држава Џорџија, на која присуствуваа поранешниот претседател Картер и неговата сопруга Розалин.
Реновирањето траеше пет месеци и чинеше 10 милиони долари.
Во новиот музеј има интерактивната изложба, што на посетителите им нуди поглед зад сцената на еден ден од претседателскиот живот на Картер.
Изложбата е фокусирана на работата на Картер откако загуби на ре-изборот во 1980-та. Откако замина од функцијата, тој доби Нобелова награда за мир и работеше во посредување при конфликти, надгледување избори ширум светот и искоренување на сиримаштија и болести.
Музејот се уште има некои од првичните поставки, како репликата на Овалната канцеларија во Белата куќа.