Линкови за пристапност

Владата на САД и` додели грант на Македонија за обнова на црква во Охрид


Американскиот амбасадорски фонд за заштита на светското културно наследство годинава додели грантови за три земји, со цел заштита на нивни културни знаменитости - на Перу, Непал и Македонија.

Наградата во висина од 650.000 долари ќе и` биде доставена на Канцеларијата за заштита на културното наследство на Република Македонија, како помош во напорите за обнова на црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид, кој датира од 13-от век. Во црквата, како што се наведува во соопштението за медиумите при американскиот Стејт департмент, изобилуваат фрески од доцниот византиски период, првичното познато творештво на зографите Михаил и Ефтихиј, и е потребна итна обнова за да се спречат трајни оштетувања.

Американскиот амбасадорски фонд е основан од Конгресот во 2001-та, со почетни средства од еден милион долари. Тој е во надлежност на Стејт департментот, Бирото за образование и прашања од културата и Центарот за културно наследство.

Американскиот амбасадорски фонд за културно наследство обезбедува директни грантови за финансиска помош за заштита на културни знаменитости во земјите во развој. Досега фондот има доставено поддршка за преку 500 проекти ширум светот во вредност од преку 13 милиони долари.

Минатиот месец од овој фонд беа издвоени 54.000 долари за обнова, реновирање и заштита на Даутпашиниот амам.

XS
SM
MD
LG