Линкови за пристапност

Рекордна невработеност во евро-зоната


Невработеноста во 16 држави кои го користат еврото како единствена валута повторно се зголемила во август и се наоѓа на највисоко ниво во изминатите 10 години.

Според извештајот, повеќе од 15 милиони луѓе или 9,6 проценти од популацијата, ја загубиле работата во август, што е повеќе од било кој месец од март 1999-та наваму.

Невработеноста во 27-те земји-членки на ЕУ исто така се зголемила на 9,1 процент, споредено со 7 отсто во август минатата година и 9 проценти изминатиот јули.

Стапката на невработеност е на линија на економските предвидувања, според кои отварањето нови работни места ќе оди побавно од економскиот растеж во време на опоравување на економијата.

Но, историските нивоа на невработеност, каде во некои земји надминаа 18 проценти, како во Шпанија и Латвија, создаваат загриженост меѓу аналитичарите. Тие стравуваат дека зголемената невработеност ќе го поткопа економскиот напредок.

XS
SM
MD
LG