Линкови за пристапност

Сенатските демократи претставија предлог-закон за климатските промени


Документот, спонзориран од Барбара Боксер од Калифорнија, и Џон Кери од Масачусетс, бара намалување од 20 проценти споредено со нивото на емисија од 2005, до 2020.

Претседателот Барак Обама рече дека легислативата ја донесува владата еден чекор поблиску до ставање на САД во позиција да ја контролира својата енергетска иднина и да ја направи нацијата понезависна во однос на енергијата.

Предлог-законот би креирал систем што ќе бара големите загадувачи, како рафинерии и енергетски централи, да купуваат дозвола од владата за да продолжат со работата. Компаниите кои ќе загадуваат помалку од дозволеното можат да ги продадат своите дозволи на други ентитети.

Мерката е слична на верзијата одобрена од Претставничкиот дом во јуни. Но, овој документ бара само 17 проценти намалување на емисијата на јаглероден диоксид до 2020.

И двата документа повикуваат на 83-процентно намалување до 2050.

XS
SM
MD
LG