Линкови за пристапност

Обама објави доделување на пет милијарди долари во грантови за медицински истражувања


Американскиот претседател Барак Обама најави грант од пет милијарди долари за финансирање на медицински истражувања.

Обама го објави ова во Националниот институт за здравство, истражувачка организација која е финансирана од владата, лоцирана недалеку од Вашингтон.

Претседателот го опиша финансирањето како најголема еднократна сума за стражување во областа на биолошката медицина до сега. Тој рече дека парите доаѓаат од владината програма за стимулирање на економијата во висина од 787 милијарди долари.

Тој кажа дека финасирањето ќе спаси постоечки и ќе создаде „десетици илјади нови работни места“ во областа на истражувањето, производството и снабдувањето со медицинска опрема, а ќе помогне и во изградбата на модерни лабаратории и истражувачки постројки.

Белата куќа јави дека повеќе од 12-те илјади грантови ќе финансираат најразвиени медицински истражувања во секоја американска сојузна држава, во областа на ракот, срцевите заболувања и аутизмот.

XS
SM
MD
LG