Линкови за пристапност

Расте бројот на загинати од цунамито во јужен Пацифик


Властите велат дека повеќе од 110 лица се водат како загинати од цунамито во Јужен Пацифик, предизвикано од силен подводен земјотрес.

Повеќето жртви се од Самоа, каде спасувачките екипи велат дека загинале 84 лица.

Други 24-ца е потврдено дека загинале во Американска Самоа, додека најмалку седуммина загинати има во соседна Тонга.

Премиерот на Самоа, Туилаепа Саилеле Милиелегаои, рече дека е шокиран од уништувањето и оти „многу луѓе исчезнале“.

Американскиот претседател Барак Обама објави природна катастрофа во Американска Самоа со што се ослободени федерални средства за помош на локалните напори за спасување и обнова на американската територија.

За време на престојот во Бетесда, во Мериленд, Обама рече дека САД се подготвени да им помогнат пријателите во соседна Самоа и во регионот.

XS
SM
MD
LG