Линкови за пристапност

Генералниот секретар на ОН го отпушти Американецот во авганистанската мисија


Генералниот секретар на ОН го отпушти врвниот американски претставник на служба во мисијата на ОН во Авганистан, по извештаите за несогласување во врска со наводното лажирање на изборите.

Според соопштение објавено во средата Бан Ки-мун решил да го отповика Питер Галбраит од Авганистан и да го прекине неговиот мандат како заменик специјален-претставник на генералниот секретар. Соопштението вели дека Бан ја донел одлуката во „интерес на мисијата". Тој не елаборираше.

Деновиве претставници на ОН им кажаа на новинарите дека Галбраит, кој го напуштил Авганистан пред неколку недели, нема да се врати заради тензиите со Каи Еиде, главниот претставник на ОН во Авганистан.

Двајцата наводно имале различни ставови за тоа како да се постапи по широкораспространетите извештаи за местење на изборите за претседател од 20 август. Каи Еиде наводно преферирал да оперира зад сцената, додека Галбраит се залагал за посилна јавна реакција.

XS
SM
MD
LG