Линкови за пристапност

Расте бројот на жртви од цунамито во јужниот дел на Тихиот Океан


Бројот на жртви од цунамито што ги погоди островите во јужниот дел на Тихиот Океан, а беше предизвикано од подводен земјотрес, најверојатно ќе нарасне на над 100, соопштија властите. Најголем број на загинати има во Самоа – најмалку 60.

24 жртви има во Американска Самоа, а најмалку 7 во Тонга. Американскиот претседател прогласи вонредна состојба поради природна кататсрофа, со тоа одобрувајќи федерална помош за настраданото подрачје.

Според Американското геолошко здружение, подводниот земјотрес што се случил во вторникот, бил со јачина од 8 степени и создал бранови што ги опустошиле крајбрежните области, срушиле згради и одвлекле автомобили со себе. Преживеаните побегнале во повисоките области и останале таму со часови.

На крајбрежјето Уполу во Самоа каде се наоѓа голем број туристички одмаралишта, биле уништени неколку села.

Австралиската влада соопшти дека тројца нејзини државјани загинале во Самоа, меѓу нив и шетгодишно девојче. Шест Австралијци наводно се водат за исчезнати.

Во главниот град на Американска Самоа Паго Паго, брановите од цунамито биле високи метар и половина Надзорникот на Националниот парк на Американска Самоа Мајк Рејнолдс јавува дека четири бранови биле високи дури и до шест метри.

XS
SM
MD
LG