Линкови за пристапност

Полански побара од швајцарски суд да биде ослободен


Адвокатите на познатиот режисер и добитник на наградата Оскар, Роман Полански, кого во САД го очекува казна за силување на малолетничка, побараа од швајцарски суд да го ослободат од притвор.

Судот во Цирих во вторникот соопшти дека одлуката ќе биде донесена во рок од неколку недели. Полански се очекува да остане во притвор, се` додека не се донесе судска одлука по случајот и се` додека не бидат комплетирани сите жалби.

Швајцарската полиција го уапси Полански во саботата по пристигнување на циришкиот аеродром. Тој во Цирих требаше да прими филмска награда. Властите велат дека Полански е приведен врз основа на меѓународна потерница од 2005-та, како и дека од САД чекаат барање за испорачување.

Полански, познат по филмовите „Кинески кварт“ и „Бебето на Розмари“, првично беше уапсен во 1970-те во Лос Анѓелес, под обвинение дека му давал дрога и алкохол на 13-годишно девојче и имал сексуален однос со него. Тој се изјасни за виновен, но побегна од САД во 1978-ма.

XS
SM
MD
LG