Линкови за пристапност

Во Јужна Африка пронајден огромен дијамант


Претставници на рударската компанија Петра дајмондс од Јужна Африка велат дека минатата недела во рудникот Кулинан во близина на градот Преторија откопале бел дијамант од преку 507 карати. Компанијата тврди дека дијамантот е еден од најголемите 20 пронајдени досега.

Дијамантот во облик на јајце тежи преку 100 грама, а експертите проценуваат дека вреди околу 20 милиони долари.

Во 1905-та година во истиот рудник беше пронајден дијамант од 3.106 карати, што важи за најголемиот дијамант пронајден досега.

XS
SM
MD
LG