Линкови за пристапност

Во наводен американски ракетен напад загинале пет милитанти во Пакистан


Пакистански разузнавачки лица велат дека пет талебански милитанти загинале во наводен американски ракетен напад во еден од најнемирните племенски региони во Пакистан.

Официјални лица наведуваат дека два проектила од беспилотно летало во вторникот ја погодиле куќата на талебанскиот командант Ирфан Мехсуд во местото Вана во јужен Вазиристан, близу авганистанската граница. Во нападот биле повредени најмалку шест милитанти. Најмалку двајца од загинатите милитанти наводно се узбекистански државјани.

Регионот околу Вана е упориште на мрежата на поранешниот лидер на Талебан во Пакистан, Бајтула Месуд, кој загина минатиот месец во американски ракетен напад.

Властите ја товарат милитантната мрежа на Месуд за напади врз пакистанската влада и странски сили во земјата.

XS
SM
MD
LG