Линкови за пристапност

Иран нема да разговара за збогатувањето на ураниум


Главниот ирански претставник за нуклеарни прашања Али Акбар Салехи вели дека неговата земја воопшто нема да дискутира околу нејзиното право да збогатува ураниум. Тој ова го изјави на само два дена пред средбата во Женева меѓу Иран и светските сили посветена на иранската нуклеарна програма.

Салехи кажа дека Иран никогаш нема да се откаже од програмата. Тој рече и дека новата фабрика за збогатување на ураниум се гради во планина близу армиска база поради заштита во случај на напад. Иранските власти го открија постоењето на фабриката близу местото Кам, на околу 160 километри југозападно од Техеран минатата недела. Иран наскоро ќе и ` каже на Меѓународната агенција за атомска енергија кога може да изврши инспекција на фабриката, рече иранскиот претставник.

САД и други западни земји инсистираат Меѓународната агенција за атомска енергија да добие итен пристап до фабриката за да се утврди дека таа не се гради за производство на атомско оружје.

XS
SM
MD
LG